Новата општинска зграда на Карпош стигна до покрив (фото)

Изградбата на новата административна зграда на Општина Карпош се одвива со засилено темпо.

Во тек е завршување на работите на покривната конструкција, поставување на термоиизолација и заштита од протекување. Во внатрешниот дел на зградата се работи на поставување на преградните ѕидови како и заокружување на изолација на целиот објект поради поголема енергетска ефикасност.

Покривот треба да биде завршен за десеттина дена, а вселувањето во новата зграда треба да биде во текот на мај идната година. 

new nike air max 2019