Новата градинка за 200 дечиња пуштена во употреба во Аеродром

Во општина Аеродором денеска беше пуштена во употреба нова детска градинка.

- Денеска на мое огромно задоволство, а верувам и на задоволство на многу родители, пуштивме во употреба нова детска градинка со капацитет за згрижување 200 деца - информираше градоначалникот на општина Аеродром, Златко Марин. 
Денеска во Ново Лисиче за задоволство на многу родители пуштивме во употреба нова детска градинка со капацитет за згрижување 200 деца.
„Станува збор за модерен објект во рамките на градинката „Буба Мара“, кој ги исполнува сите неопходни стандарди и обезбедува современи услови за згрижување и престој на деца од предучилишна возраст“, изјави градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин.
Новата градинка се состои од 8 занимални со сопствени санитарни јазли и кујна со вкупна површина од 1.500 квадратни метри. Со овој објект градинката „Буба Мара“доби двојно поголем капацитет за згрижување, со што ќе се задоволи реалната потреба на семејствата во Ново Лисиче. 
Истовремено се подобрија условите за престој и воспитување на децата. Средствата за новата детска градинка од околу 40 милиони денари ги обезбеди Општина Аеродром.
Во наредниот период, како што најави градоначалникот Марин, ќе се изградат уште две нови градинки. Едната во дворот на училиштето „Блаже Конески“ во населбата Мичурин, а другата кај постојниот објект на детската градинка „Црвенкапа“ во Стар Аеродром. 
Во иднина ќе продолжиме со процена на капацитетите за згрижување во градинките и основните училишта на целата територија на Општина Аеродром. Ќе интервенираме каде што е потребно, со цел да обезбедиме институции што нудат квалитетни услови за згрижување, образование и развој во сите делови од општината.