Изминативе неколку години општина Аеродром активно работеше на зголемување на капацитетите и условите во градинките на нејзина територија со цел на најмладите и на нивните родители да им се понуди најдобра можна услуга.

Во тој правец, една од градинките која беше изградена е новата градинка „Штркче“ – која е само еден од над 200-те проекти реализирани во мандатот на градоначалникот Конески од 2013 до 2017 година.

Градинката „Штркче“ е во рамки на клонот „Чекорче“ и има капацитет да прими 200 дечиња. Во неа има 9 големи занимални, простор за прием, кујна, санитарни јазли, административен простор и подрумски простории и сето тоа на површина од 1.700 квадратни метри.