Новата година не ни носи промени, ние сме оние кои носат промени во сопствените животи

Не е новата година онаа која ни носи промени, туку ние сме оние кои ги носат промените, затоа што времето не е поврзано со промените, туку нашите одлуки. Сѐ е до тоа колку време ни е потребно за да сфатиме дека без храброст нема живот. Можеме да знаеме сѐ, можеме да имаме најдобри намери, да носиме најдобри одлуки, но каде сме ние доколку само стоиме во место и не правиме ништо. Во своите мисли може да направиме чудо, а во реалноста само да чекаме животот да пројде. 

Новата година не носи промени, ние ги носиме промените. Целиот тој страв, сомнежи, болка, неизвесност, постојат за да направите нешто од нив, да ги претворите во сила, а тоа не е некаква филозофија. Направете го тоа што ве плаши, направете го она во кое се сомневате, надминете го она што ве боли, тргнете напред иако немате никакви гаранции за иднината. Така неуспехот се претвора во успех, а поразот во победа. Така се зајакнуваат мускулите на волјата, мора да направите нешто со нив. 

Нема некакви посебни методи или совети кои ќе направат идниот ден, недела, месец или година да ви бидат подобри. Одлучете каква личност сакате да бидете, одлучете каде сакате да оставите трага, одлучете што сакате луѓето да зборуваат за вас, а потоа направете го тоа. Тоа е сосема едноставно. Клучно е да владеете со себеси, не само за создавање врски со другите, туку и за среќа и подобар живот. Но, дали сте подготвени за тоа?

За да биде иднината онаква каква што сакате да биде, не се прашувајте дали имате храброст во себеси, туку сфатете дека е крајно време да ја извадите од себеси. Храброста е секогаш со вас, како и сите останати вредности кои можат да ви го направат животот подобар, како трпението, одлучноста, доследноста, самоувереноста, одговорноста, сочувството, но прашање е дали ќе донесете одлука за да ги употребувате овие карактеристики и вредности.

Не чекајте – и денешниот ден е ваш живот, направете го онаков каков што сакате да ви биде секој ден!