Нова зграда на кардиохирургија „Филип Втори“ е отворена во Скопје (фото)

Новиот објект на Специјалната болница по хируршки болести „Филип Втори“, според највисоки светски стандарди со уникатен ентериер, врвна медицинска опрема, комплетно регулирана средина, строго управувани режими на греење и ладење и довод на свеж воздух и максимална комфорност на пациентите, посетителите и вработените, е отворен во Скопје.

Лоциран е во близина на просториите во кои сега е сместена Специјалната болница по хируршки болести „Филип Втори“. Инвестицијата чини 40 милиони евра.

Објектот го отворија д-р Жан Митрев, основач, сопственик и менаџер на Специјалната болница по хирушки болести „Филип Втори“ и првиот опериран пациент во таа здравствена установа, кочанчанецот Коста Шапков, на кого на 1 март 2000 година му бил вграден бај пас.

Oбјектот е поставен на земјишна површина од 9.000 м2, со ефективна корисна површина од 17.000 м2, распоредена во сутерен, нулти кат, 3 ката и посебен кат за машинство. Системите кои се вградени во објектот се во насока на висока енергетска ефикасност, максимална безбедност и функционалност. Преку нив објектот има најниска емисија на CO2, создаден да ги задоволи највисоките стандарди во градењето, работењето и одржувањето.

Дијагностичкиот центар е сместен на приземјето од објектот. Секоја амбулантна е опрема со смарт 3Д ултразвучни апарати со можност за висококвалитетни прикази на внатрешните органи, со што е овозможено детална дијагностика.

Рентген дијагностиката е опремена со најнова генерација на апарати – рентген, компјутерска томографија, ангиографија и магнет дијагностика. кои се последна смарт генерација на „Филипс“, со минимално зрачна технологија за пациентите и за персоналот, и со максимално прецизни резултати и со најкраток временски период за нивно добивање.

Во објектот има пет модуларни операциони сали со површина од по 50 м2. Салите се опремени со последна технологија на Трумф операциони столови, хируршки лед светла, компактен мониторинг систем за прикажување на актуелната состојба на пациентот и сите направени иследувања.

Болницата располага и со 10 еднокреветни, два делукс апартмани, со 12 амбуланти, 128 болнички кревети од кои 63 кревети на интензивна нега, сала за физикална рехабилитација, оддел за психолошка поддршка, просторија за научни собири или т.н. амфитеатар е со капацитет за 100 слушатели, кујна со софистицирана опрема за подготовка на храната, ресторан..