Нова услуга на УЈП за Скопје – “Закажи средба” со даночен агент

“Закажи средба” е новата услуга на УЈП, која во моментов е достапна само за користење на даночните услуги на Регионалната дирекција Скопје.

– Даночните обврзници со седиште во Скопје и кои се администрани во Регионалната дирекција Скопје, а кои претходно ќе закажат термин за средба со даночен агент преку “Закажи средба”, ќе имаат предност во однос на останатите обврзници при добивањето на услугите во УЈП. Закажувањето на термин може да се направи во време кое му одговара на даночниот обврзник – велат од УЈП.

Исто така, со даночниот агент може да се направат консултации за општи информации (рокови, начини за пријавување и плаќање даноци, за отворање на бизнис и регистрација на даночен обврзник, потоа консултации за издадени даночни документи, утврдување на даноци и постапки за наплата на долгови, но и за правни прашања.

Услугата може да се користи он-лајн преку веб страницата на Контакт центарот kontaktcentar.ujp.gov.mk, која овозможува пристап до услугата “Закажи средба”, или преку Инфо центарот на УЈП, а ќе биде задолжителна од први мај 2018 година. Постапката е со повикување на Инфо центарот (0800 33 000 или 02/3253 200).