Нова фабрика за производство на кабли и електрични инсталации за автомобили ќе се гради во јули, која ќе овозможи вработување за 200 лица во првата фаза. Ова вчера го најави лидерот на ВМРО - ДПМНЕ, Никола Груевски. Инвестицијата вреди 6 милиони евра, а ќе ја гради турската компанија Чагатај Кабло. 

-Станува збор за инвестиција која ќе се простира на 6 илјади и 700 метри квадратни, а истата компанија во Турнија има фабрика од 14 илјади метри квадратни, а сега во во Македонија ќе започне градба од 6.700 метри квадратни. Ќе инвестира шест милиони евра и ќе вработи 200 луѓе во прва фаза. Ова е првата фаза од инвестирање а тие веќе размислуваат и за втора фаза. 

Компанијата според Груевски е фокусирана на автомобилската индустрија и ќе произведуваат кабли и други електрични инсталации кои што се дел од автомобилската индустрија, индустријата за производство на автобуси, како и возила во градежниот сектор и механизација.

-Најголем добавувач ќе им биде белгиската компанија Ван Хол, која што ја привлековме од Белгија да додје во Македонија и да отвори фабрика, така да сега самата компанија е магнет за други компании како што е Чагатај Кабло која што почнува со градба за еден ипол месец од сега. 

Според статистиката, во изминатите 10 години во земјава биле вложени околу 2,6 милијарди евра странски инвестиции.