Уште една нова станбена зграда никнува на територија на општина Карпош. Таа ќе се гради на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Тафталиџе, близу маркетот Веро, дознава Фактор.
Одобрението за градење е издадено во ноември годинава. Во близина на оваа зграда во последниот период се изградија и други згради за живеење, меѓу нив, и таа на градежната компанија Настел која има прилично голем број станови.
Од општината велат дека ДУП-от за овој дел од Карпош односно таму каде што се наоѓа маркицата е донесен од претходниот состав на Советот на општината или составот од 2013 до 2017 година, што значи дека е важечки.
Деновиве е актуелно прашањето за изградбата на објекти и забраните кои ги ставаат општините па градежниците имаа поплаки. Сепак некои градежни работи не се запрени.