Нова спортска трагедија - се удавија фудбалери (ВИДЕО)

Неколку фудбалери во Уганда загинаа откако потонал бродот со кој се превезувале. Фудбалерите на клубот Кевеибанде и нивните навивачи патувале преку езерото Алберт, кога бродот од претовареност започнал да тоне.

-Преживеаја само оние кои знаеле да пливаат, немаме официјална верзија за она што се случувало – рекол полицискиот началник.

На бродот немало доволно појаси за спасување, па од вкупно 45 патници, само 15 ја преживеале несреќата, 9 луѓе се удавиле, а по останатите трагаат спасувачките екипи.