Станбено-деловен комплекс, градинка и бензинска пумпа ќе се изградат на локацијата каде што се наоѓаше старата скопска млекарница во населбата Хиподром.
Од Општина Гази Баба информираат дека инвестицијата ќе изнесува околу 10 до 12 милиони евра. Просторот на разрушената фабричка зграда, која долго време стоеше како руина и потенцијална еколошка закана во моментов се расчистува, а на тоа место ќе никнат згради со приземје и шест ката.