Нова инструкторка во аеробик центарот во С.Ц. Јане Сандански ќе го пренесува своето знаење од Лондон

Спортскиот Центар Јане Сандански, освен што важи за најопремен спортски центар во земјава, познат е и по својот стручен кадар на инструктори. Јулијана е новата инструкторка во аеробик центарот, која ќе држи часови по светски познатата програма – Insanity.

Taa своето знаење ќе го пренесува од Barnett College и Golders Green College кои се наоѓаат во Лондон. Јулијана вели дека започнала да се занимава со пливање од својата 6-та година, потоа со боречката вештина кунг-фу. Поради својата посветеност учествувала на многу државни и интернационални натпревари.

Откако завршила во средното фискултурно училиште, се запишала на факултетот за физичка култура во Скопје. Па, потоа заминала во Лондон каде го надоградила своето знаење и работела како личен и кондиционен тренер, држела часови по микс и кружен аеробик.

Јулијана вели дека со нетрпение чека да го пренесе своето искуство и тука, а пресреќна е што токму тоа ќе има можност да го направи во Спортскиот Центар Јане Сандански, за кој вели дека е вистинското место за Insanity програмата. Овие тренинзи ќе бидат со висок интензитет кои овозможуваат брзо губење на килограми, затегнување, подобрување на кондицијата, издржливоста, еластичноста.

Таа освен Insanity програмата ќе држи и часови по пилатес за зајакнување на одредени мускулни групи, добивање на кондиција и издржливост, како и доста вежби кои помагаат за ослободување од стресот.

Јавете се во Спортскиот Центар Јане Сандански и резервирајте го вашето место во новата група за Insanity часови.