Нова фабрика во Бунарџик и работа за 200 луѓе

Во Технолошко индустриската развојна зона Скопје денеска ќе биде поставен каман темелник за изградба на фабрика на домашната компанија ФПЦ Технопласт.

Најавена е инвестиција во износ од 10 милиони евра која ќе отвори 200 работни места.

ФПЦ Технопласт произведува пластични компоненети за автомобилската, електричната и електронската индустрија

Целокупното производство, според најавите, ќе се извезува и вградува во автомобилските брендови БМВ, Ауди и Рено.