Нова цена на горивата во Македонија - ќе има ли ново поскапување?

Со последната одлука на регулаторната Комисија за енергетика, бензините поскапеа за 2,5 односно за 3 денари по литар, а дизелот за 2 денари за еден литар.

Денеска не чека нова цена на бензинот и дизелот, регуларно две недели по последната одлука на РКЕ.

На светските берзи продолжи растот на цената на суровата нафта. Ројтерс јавува дека најголемиот извозник на нафта во светот, Саудиска Арабија побарала од ОПЕК да го продолжи договорот за намалено производство на енергенсот за уште 9 месеци. 

Последниот договор на ОПЕК резултираше со скок на цената за околу 50% во период од една година.

Останува да видиме дали бензинот ќе поскапи и денеска.