Дизел горивото пред две недели поскапе за два денара по литар, а цената на бензините остана иста.

Со одлуката се изврши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,83, односно за 2,8 отсто.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се сменија, односно остануваат 63,5 и 65 денари за литар. ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава за 51,5 денари за литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуви за 1,5 денари за литар и  чини 40 денари.

Утре се очекува нова цена на горивата.