Нова цена на горивата во Македонија

Со последната одлука на регулаторната комисија за енергетика донесена пред две недели, дизелот поскапе за денар и половина, бензините поскапеа за половина денар.

Според одлуката, ЕУРОДИЗЕЛ БС 95 се точи за 63 денари по литар, а ЕУРОДИЗЕЛ БС 98 за 65 денари за еден литар. 

Дизелот бележи најголемо поскапување. Неговата нова цена е повисока за 1,5 денари и се точи за 49,5 денари по литар. 

Сега по две недели се очекува денеска Регулаторната Комисија за Енергетика да ја соопшти новата цена на горивата. Останува да видиме дали ќе возиме поскап или поевтин бензин.