Нова цена на горивата во Македонија

Регулаторната комисија за енергетика денеска по две недлеи од последната промена на цените на горивата, ќе ја соопшти новата одлука која ќе важи од полноќ.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од пред две недели се зголеми за еден денар по литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство за 0,5 денари, додека цената на ЕУРОДИЗЕЛ остана непроменета.

Цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 63,00 ден/лит, ЕУРОСУПЕР БС-98 се продава за 64,50, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 37,00 денари за литар.

Литар ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) чини 48,00 ден/лит.

За 0,112 денари поевтине Мазутот М-1 НС и еден килограм чини 23,881 денари.