Нова цена на горивата во Македонија

Регулаторната Комисија за енергетика денеска ќе ја објави новата цена на горивата која ќе важи од полноќ. Со последната одлука на Регулаторната Комисија за енергетика, донесена на 7-ми месецов, малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемија за половина денар, цената на дизелот порасна за 1,5 денари по литар. 

Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67,00 ден/лит, а малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 69,00 ден/лит. Малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 54,00 ден/лит, а малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 42,50 ден/лит.

Откако Саудиска Арабија го зголеми производството за сурова нафта, цената на светските берзи секојдневно паѓа. Доколку нема посериозни промени на цените, за очекување е поевтинувањето да биде меѓу 2 и 2,5 денари по литар.