Нова цена на горивата во Македонија

Поминаа две недели од последната промена на цената на горивата, а веќе денеска напладне се очекува Регулаторна комисија за енергетика да ги соопшти новите цени, кои ќе важат од полноќ.


Со последната промена имавме поскапување за 0,5, односно 1 денар на бензините, додека цената на дизелот остана иста.

Што значи, ЕУРОСУПЕР БС 98 се точи по цена од 64,50 денари, цената на ЕУРОСУПЕР БС изнесува 62,50 денари за литар, а дизелот остана 60 денари.