Министерството за внатрешни работи во координација со Управата за јавни приходи ноќеска спроведе  контрола на повеќе угостотелски објекти во Прилеп и Битола, но, како што велат од МВР, и на други места.

Детали за акцијата, како што најавија, ќе соопштат на прес-конференција во текот на денов.

Пред една недела во координирана акција на полицијата со инспектори од УЈП, Инспекторатот за труд и Пазарниот инспекторат се проверуваше работата на 24 угостителски објекти во Скопје, од кои 13 беа затворени поради утврдени неправилности.