Нов училишен мебел за седум основни училишта

Општина Аеродром годинава набави нов училиштен, современ и европски мебел за седум основни училишта на територијата на Општина Аеродром, со цел да се подобрат условите за образованието, на тамошните ученици.  

За таа цел се набавени 420 клупи, 840 столчиња и 14 мултифункционални табли, за да се опремат по пет училници во седумте основни училишта во вредност од 3 милиони денари.

Освен тоа, ОУ „Блаже Конески" со сопствени средства ги опреми сите училници со истиот училиштен мебел и мултифункционални табли.