Започната е постапка за изнаоѓање инвеститори со кои по пат на јавно приватно партнерство треба да се изгради објект во кој ќе биде сместен Театарот Комедија, a ќе се реализираат и други содржини.

Во планираното здание со приземје и 10 ката би се сместил театарскиот ансамбл, при што најголем дел од просториите во зградата би ги задржал приватниот инвеститор што ќе се согласи да гради.

Времетраењето на договорот за јавно – приватно партнерство ќе изнесува 42 месеци, односно три и пол години. Во овој рок треба целосно да се издигне замислената зграда со зацртана површина од 30.945 метри квадратни. Заинтересираните субјекти за учество на распишаниот оглас треба да ги достават своите понуди најдоцна до 3 април.

Врз основа на пристигнатите понуди, ќе се избере приватниот партнер што ќе ги гради просториите во кои треба да се смести театар „Центар“. По изборот на најповолен понудувач, ќе се пристапи кон рушење на постоечкиот монтажен објект во централното градско подрачје.

Доколку не се обезбеди партнер за реализација на проектот по пат на јавно приватно партнерство, ќе се разгледа можноста Објектот да се изгради со средства од Буџетот на Република Македонија, стои во програмата на ВМРО-ДПМНЕ.