Нов сквер во центарот на Скопје

Наскоро, oпштина Центар ги завршува градежните работи на новиот сквер на улица Пиринска, кој е со површина од 290 м2 и е поплочен со комбинација од природен гранит и травертин.

Од Центар велат дека доминараат мултифункционалните урбани елементи, клупа и вградени држачи за велосипеди. Амбиентот го дополнуваат две високи дрвја- ликвидамбери, кои во лето ќе бидат природен чадор за сонце. На скверот ќе има пет жардинери со густо зеленило, а ќе биде осветлена со канделабра и 17 амбиентални светилки.

Скверот, е во непосредна близина на зградата чија фасада лани беше реконструирана од страна на општината, гледа на булевар „Климент Охридски“ и на Соборниот храм.