Нов проект за намалување на загаденоста во Скопје

Доколку ви треба превоз во Скопје, а сакате да заштедите време и пари, една од варијантите преку која ќе може да го направите тоа е да споделите превоз со вашиот колега, пријател, сосед или луѓето од истата населба и се тоа да го организирате преку апликација на вашиот смартфон.

Новиот проект “СПОДЕЛИ ПРЕВОЗ” кој е во фаза на изработка е еден нов начин на транспорт од една до друга локација преку организиран превоз во исто време.

Целта на проектот е да се намали загадувањето и сообраќајниот метеж во главниот град.

Преку апликацијата која е во фаза на изработка ќе се искористи предноста на социјалните медиуми преку кои заинтересираните патници ќе се информираат за дестинацијата, времетраењето на патувањето, типот на возилото, опциите за превоз и поврзаноста на приватниот и јавниот превоз.

Проектот е изграден врз соработката со јавните превозници, локалните власти и давателите на услуги за заедничко возење.