Нов мост преку Вардар во Центар

Градот Скопје  склучи договорот со фирмата „Чакар Партнерс“ која ќе го гради новиот пешачки мост преку Вардар што ќе ги спојува „Дрводекор“ и плоштадот кај црквата „Пресвета Богородица“.

Трајановски и посочи дека мостот е неопходен заради новоизградениот плоштад кај црквата, за граѓаните да имаат уште една алтернатива како да стасаат до неа.

Во урбанистичкиот план е напомнато дека маркичката е за пешачки мост со придружни содржини. Тие содржини, како што велат од Градот, генерално се инфраструктурните елементи на мостот (осветлување, одводнување, електрична и други инсталации, евентуално позиции за урбана опрема, клупи, канти).

Новиот пешачки мост на реката Вардар ќе се гради врз основа на архитектонско-урбанистичкото решение изготвено од архитектот Миодраг Никитовиќ, кој е познат на јавноста и како автор на идната барокна фасада за деловниот објект „Палома Бјанка“ во центарот на Скопје.