Нов кружен тек во Општина Чаир

Во Општина Чаир денеска почнуваат градежните работи за нов кружен тек, што ќе се протега, меѓу улиците „Втора македонска бригада “ и „Ќемал Сејфула“.

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов денеска истакна дека, покрај кружниот тек на истата локација ќе бидат целосно заменети водоводната и канализациска мрежа, ќе бидат инсталирани и 40 нови канделабри со висина од седум метри, со цел да се осветли целиот овој потег.

– Очекуваме градежните работи, во зависност од временските услови, да бидат завршени за два месеци. Целата инвестиција за овој проект е во висина од околу 19 милиони денери, наведе Шилегов.

Одговарајќи на новинарско прашање околу информацијата што беше објавена во медиумите, тој дека во земјава во период од две години се увезени околу седум милиони тони отпад, наведе дека од она што го дознал од Министерството за животна средина, не станува за отпад којшто се депонира, туку за отпад којшто се користи во индустриски цели.