Нов кружен тек во центарот на Скопје

Започнаа подготовките за изградба на нов кружен тек во центарот на Скопје.Градежните работници почнаа да ги уриваат бараките на Бирото за судски вештачења во Скопје кое се наоѓа на улицата Јордан Мијалков.

Овој кружен тек ќе се протега од семафорите на надвозникот во Црниче кај „Симпо“, на крстосницата меѓу „Павел Шатев“ и улицата „Јордан Мијалков“.

Бирото за судски вештачења е преселено во зградата на Македонската телевизија на 19 кат.