Од јануари идната година ќе плаќаме поскапа вода, леб и гориво.Граѓаните  сметааат дека овој бран на поскапување дополнително ќе им ги истенчи и онака празните џебови.

Претставувајќи го буџетот за 2018 година, Министерството за финансии соопшти дека за три и пол денари ќе се зголеми акцизата на дизел горивата. Со оглед на тоа што станува збор за гориво кое најчесто го користат дистрибутивните и воопшто транспортните компании извесно е дека тоа ќе донесе поскапување на основните прехранбени продукти како што е лебот односно брашното, овош јето и зеленчукот.

Имено, експертите укажуваат дека првичните пресметки велат дека акцизата ќе има големо влијание врз домашниот буџет, а со тоа ќе се зголемат трошоците на секое семејство кое поседува дизел автомобил Ако во просек месечно по возило се троши околу 70 литра дизел гориво, со зголемување на акцизата ќе треба да се одвојат месечно дополнително 245 денари, а на годишно ниво, тоа би изнесувало речиси 3.000 денари или околу 50 евра.

Истовремено, Регулаторната комисија за енергетика најави промени на цените на водата за пиење односно нови регулирани тарифи за местата со над 10.000 жители, што најверојатно ќе донесе и поскапување на водата во одредени делови од Македонија.