НОВ ДИРЕКТЕН ЛЕТ: Од јули Скопје-Доха со Катар ервејс

Авиокомпанијата Катар ервејс денеска официјално потврди дека од 17 јули годинава ќе почне да лета на линијата Скопје-Доха-Скопје, најави министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски.

- Како што не информираа од Катар ервејс, авиокомпанијата ќе почне со процедурите за добивање на потребните дозволи за летање и веќе од 17 јули се воспостави првиот лет од Скопје кон Доха. Се работи за една глоблана авиокомпанија која ќе понуди нови можности за македонските граѓани и директни летови кон Блискиот исток, рече Мисајловски на денешната прес-конференција.

Нагласи дека со тоа се реализира уште едно залагање на Владата за зголемување на бројот на достапни авиолинии и додаде дека во последните неколку години авиосообраќајот во Македонија постигна вистински напредок.