Носталгија: Времето кога си праќавме писма, па чекавме со месеци да стигнат

Беа тоа убави времиња од минатото. Кога си праќавме писма, па ги чекавме некогаш и со месеци да стигнат. Многу емоции, многу возбуда, многу љубов.

Постарите генерации се сеќаваат на тоа, но за жал не и младата генерација. Денеска кога ќе напишеме порака до некој, таа стигнува во ист момент. Во секој случај предност, но во никој случај возбуда.

Ќе отидеме на одмор, па дома ќе пратиме разгледница. Некогаш ние ќе се вратиме дома пред да стигне разгледницата. Но сепак, таа имаше големо значење.

Ќе се сликаме за одреден повод, па на најблиските ќе им ја пратиме сликата, а од задната страна со потпис за спомен.

Се допишувавме со непознато дугарче од друг град. Си раскажувавме приказни од живото. Што правиме, со кого, како ни поминува времето. Со нетрпение чекаме да ни стигне ново писмо.