Нормализирано е водоснабдувањето во Карпош 3 и 4

Дефектот на булеварот „Илинденска“ на раскрсницата со улицата „Манапо“ е саниран рано утрово, Водоснабдувањето е нормализирано во 4,25 часот, соопшти ЈП Водовод и канализација - Скопје. 

Вчера жители од повеќе улици во околината немаа вода или имаа намален притисок поради овој дефект.

Булварот Илинден вчеравечер беше поплавен кога пукна водоводна цевка, а водата се излеа покрај банката „Прокредит“, па сè до трговскиот центар „Сити мол“. Излевањето на водата најпрвин направи хаос во сообраќајот, а кога екипи на „Водовод и канализација“ го исклучија притисокот, водата се повлече по што на асфалтот останаа кал и тиња.

ЈП Водовод и канализација навремено излезе на терен и моментално работи на санирање на дефектот кој предизвика голема поплава на Илинденска.