Нора Шаќири се вработи во Министерството за култура

Нора Шаќири од пред неколку дена е дел од тимот на Роберт Алаѓозовски во Министертвото за култура, пренесува Република.

Ова доаѓа откако лани Нора Шаќири јавно преку социјалните мрежи побара работа од тогашниот лидер на опозицијата и сегашен премиер, Зоран Заев.

Таа од Заев побара да ја вработи, откако поранешниот новинар Мухамед Зекири се вработи во СДСМ, а потоа стана и пратеник од таа партија.

На социјалните мрежи Нора Шаќири го прашуваше Заев зошто е таа помалку вредна од Мухамед Зекири.