Ноќеска изгореа две бараки во Гази Баба

Нема повредени во големиот пожар кој ноќеска пламна и опожари две бараки во скопската населба Гази Баба на улицата Зендел Џемаил. 

Полицијата извести дека пожарот пламнал околу 3.30 часот во бараката на Ѓ.В. која за брзо време целосно изгорела. Пламенот набрзо ја запалил и втората барака сопственост на Е.А., но по брзата реакција на пожарникарите, пожарот е локализиран. Причината за пожарот засега е непозната.

Од МВР велат дека во изминатите месеци на оваа улица биле регистрирани серија пожари, повеќето подметнати, во кои изгореле возила и станбени објекти.