Нобелова награда и несоници: 5 карактеристики на родените во јуни

Ако сте родени во јуни, едно е сигурно – вие сте многу силна личност.

Јуни е преубав месец, месец на летото и природата. Тој прави луѓето родени во текот на овие летни денови да се навистина посебни.

Најголеми шанси за Нобелова награда

Статистички гледано, луѓето родени во јуни имаат најголема можност да добијат нобелова награда, но и различни други награди и признанија.

Несоница

Можеби тоа е поради тоа што се социјални пеперутки, можеби пак поради тоа што имаат многу идеи. Голема е веројатноста дека овие луѓе често ги мачи несоница во текот на нивниот живот.

Позитивни оптимисти

Не постојат такви оптимисти како родените во овој месец. Тие имаат позитивен темперамент и секогаш се оптимистично расположени.

Чести промени на расположението

Честите промени на расположението се уште една карактеристика која ја имаат оние кои се родени во овој знак. Тие лесно можат да станат тажни од ништо, но за среќа брзо се враќа нивната позитивна енергија.

Можно е да бидат високи

Истражувачите од универзитетот Кембриџ откриваат дека децата родени во летните месеци растат повеќе од останатите.