Њујорк Тајмс: Посета на папата ја става Северна Македонија на светската мапа

„Откако горчливиот спор за името со Грција конечно се реши и членството во НАТО се очекува до крајот на годинава, Северна Македонија доби уште еден знак дека нејзината речиси тридецениска меѓународна изолација завршува: се случи првата папска посета на земјата“, пишува „Њујорк Тајмс“.

Во текстот се потсетува на патот на нашата земја од независноста до Договорот од Преспа и промената на името и очекуваниот влез во НАТО, како и олеснување на патот кон ЕУ.

„Сепак, не сите присутни го споделија ентузијазмот на папата за овие случувања“, пишува весникот и пренесува дел од говорот на претседателот Ѓорге Иванов, претставувајќи го како еден од противниците на договорот кој одбива да го користи новото име. Њујорк Тајмс пишува и дека Иванов е на самиот крај на својот мандат и дека неговиот наследник Стево Пендаровски е поддржувач на договорот.

Во текстот е пренесена и изјава на премиерот Зоран Заев, како и дел од говорот и пораките на папата Франциск.