Нивото на загадување во скопските општини е многу над дозволеното - изминатата ноќ најголема загаденост во Лисиче

Нивото на загадување во сите скопски општини во изминативе 24 часа е многу над дозволеното.

Мерните станици на Министерството за животна средина и просторно планирање покажале најголема загаденост во Лисиче каде во 22 часот биле измерени 397 микрограми на метар кубен ПМ10 честички.

Во Ректорат биле измерени 221 микгрограми на метар кубен ПМ10 честички, додека во Карпош 182 микрограми.

Во Гази Баба мерната станица ја регистрирала највисоката вредност од 116 микрограми.

Битола, Велес, Кичево, Кочани се само дел од останатите градови низ Македонија каде водухот бил загаден многу над дозволеното.

Скопје повторно се наоѓа на врвот на светската ранг лист за за градови со најзагаден воздух.