Нивниот хороскопски знак ќе ви открие како да ги задржите до себе

Понекогаш кога сме заљубени сме збунети и се однесуваме чудно, губејќи се во таквата приказна и додека да сфатиме, веќе е предоцна. Но, нивниот хороскопски знак може да ни помогне што треба да направиме за да ги задржиме до себе.

Овен

Покажете им дека не сакате да бидете во сериозна врска. При стравот да ве изгубат, тие ќе засакаат многу повеќе отколку што мислите. Со стравот дека ќе ве изгубат тие ќе сфатат дека нивниот живот може да биде досаден без вас. Покажете им дека вредите за да ве имаат до себе, претставувајте предизвик за нив.

Бик

И на Биковите треба да им покажете дека вредите. За жал, тоа може да оди бавно, бидејќи тие се многу бавни личности, но имајте трпение. Покажете им дека сте тука за нив во сите ситуации кога ќе имаат потреба од вас, бидете отворени и искрени и ќе го добиете нивното срце засекогаш.

Близнаци

Покажете им дека сакате авантура. Тие се возбудени за животот и сакаат партнер кој ги споделува со нив истите вредности. Треба да бидете восхитени од нивните проекти, нивните идеи и заедно да ги испланирате одморите, вечерните излегувања и да бидете двојка на која сите им се восхитуваат.

Рак

Покажете им дека имате способност да сакате и тие ќе ве засакаат двојно повеќе. Раковите можат да бидат совршена личност за вас. Тие се најдобриот партнер кој можете да го имате, но лесно ќе ги изгубите ако не ги земате предвид нивните чувства. Тие можат да ве сакаат и да се грижат за вас, како никој друг, се додека им ја дадете сигурноста дека ги сакате на истиот начин.

Лав

Покажете им дека им се восхитувате. На Лавовите им треба внимание и восхит и им треба партнер кој ќе биде нивниот обожавател кој секогаш и секаде ќе ги поддржува.

Девица

Покажете им дека можете да се грижите за себе и да се справите со работите кои ги носи животот. Девиците сакаат да остваруваат многу, а до себе сакаат личности кои се реални, рационални и самодоволни.

Вага

Покажете им дека сте личност која е моќна. Тие сакаат врски, но се многу пребирливи со кого стапуваат во врска. Другата личност ја гледаат како своја половина и сакаат таа навистина да им одговара, да биде силна кога тие се слаби, да продолжи со разговорот онаму каде тие ќе застанат и да го подобри квалитетот на нивниот живот. Морате да им покажете дека можете да функционирате совршено како двојка и дека ги имате истите вредности како и тие.

Шкорпија

На Шкорпиите морате да им покажете дека можете да се носите со нив. Тие не сакаат да бидат со незрела личност, ниту пак сакаат некој кој претерано ги заморува. Треба да бидете отворени, но и силни и да им покажете дека ги сакате, а од време навреме да им ја препуштите контролата ним.

Стрелец

Покажете дека можете да бидете нивниот најдобар пријател. Тие сакаат да се во врска со личност која може да им биде најдобар пријател, на кој можат да се потпрат секогаш. Сакаат партнер со кој можат да ја споделат истата желба за авантура и личност која го има истиот хумор како и тие. Стрелците покрај себе сакаат личност која ги разбира и која е расположена и љубопитна како и тие.

Јарец

Покажете им дека сте добра инвестиција. Јарците на љубовта гледаат малку поинаку од останатите знаци – тие сакаат личност со која можат да се носат. Преферираат личност со која можат заедно да се развиваат во иднина по долгото планирање. Тие го бараат најдоброто за себе и се самокритични, но ќе го бараат најдоброто од вас и исто така ќе ве критикуваат често. Но, тоа не значи дека не ве сакаат – не се откажувајте така лесно. Тоа значи дека сакаат постојано да се подобрувате.

Водолија

Покажете им дека сте независини. Тие се уникатни и паметни личности и не сакаат униформираност. Ним не им е грижа што мислат другите и така ќе се однесуваат и кон вас. Не им велете дека нешто е норма, дека е правилно, нив не ги интересира тоа. тие сакаат партнер кој бара хармонија и спокој како и тие и личност која е изградена и зрела.

Риби

Покажете им дека ги разбирате. Тие се често несфатени и ретко среќаваат некој кој ги разбира. Доколку вие сте таа личност што ги разбира, лесно ќе им влезете под кожа. Покажувајте им дека ги цените нивните таленти и така ќе ја зацврстите врската.