Ниту една мерка со која се простуваат неплатени сметки или даноци не е добра, велат експертите

Ниту една мерка со која се простуваат неплатени сметки или даноци не е добра. Експертите категорични, на овој начин се учат неплаќачите дека еден ден ќе дојде Влада која пак ќе им прости. Деновиве Владата најави две мерки со кои се преземаат или бришат стари долгови.

Во четврток ќе биде донесен закон со кој државата со пари од буџетот ќе го плати долгот од над 1,5 милиони евра кој приватни винарници го имаат кон лозарите. За власта ова е потег на одговорна влада.

За Рафајловски пак, потегот би бил во ред само ако државата ја преземе сопственоста над овие винарници.

Во петокот премиерот најави дека државата преговара со ЕВН и ЕЛЕМ за бришење на долгот за струја направен до 2006 година.

За социјалците ваквата мерка може да биде оправдана, вели Рафајловски, но ако се примени за сите, порака не е добра.

Неофицијално, преговори на високо ниво со двете компании имало во четвртокот, а нов е закажан за оваа недела. Според проценките, ќе треба да биде избршан долг од над 100 милиони евра за 200.000 граѓани.