Никола Тесла: Кога омразата би можела да се претвори во електрицитет, таа би го осветлила целиот свет

Ова се најмудрите зборови за среќата, енергијата и љубовта на еден од најголемите научници.

Животот секогаш ќе биде нерешлива загатка, но таа содржи одредени познати факти.

Ако сакате да ја откриете тајната на универзумот, размислувајте за енергијата, фреквенциите и вибрациите.

Кога науката ќе почне да ги истражува нефизичките феномени, ќе напредува многу повеќе од било кога.

Мојот мозок е само примател. Во универзумот се наоѓа сето она откаде го добиваме знаењето.

Не се грижам за тоа што ги украле моите идеи. Жал ми е за тоа што немале свои.

Она што еден човек го нарекува Бог, друг го нарекува закон на физиката.

Човек мора да биде разумен за да мисли јасно, но може да мисли длабоко и да биде прилично неразумен.

Најголем дел  од луѓето се преоптеретени за тоа што содржи надворешниот свет, така што се потполно слепи за тоа што имаат во себе.

Кога омразата би можела да се претвори во електрицитет, таа би го осветлила целиот свет.