Никој нема да ве спаси од сопствениот живот!

Во животот често ни е тешко да си ги признаеме сопствените слабости и постојано бараме изговори за себе и за другите. А кога би го промениле тоа, животот би ни бил многу поедноставен и поубав. Време е да ги прифатиме животните вистини со кои многумина од нас се плашат да се соочат и да почнеме веднаш да работиме на себе.

Прочитајте 7 животни вистини кои ќе ви ги отворат очите, кои ќе ве направат посилна личност и кои ќе ви помогнат да ги раширите своите крилја и да освоите висини за кои не сте ни замислувале дека можете да ги достигнете.

Никој навистина не е толку зафатен за повратно да ви се јави

Не, не е презафатен за да ви одговори на пораката. И не, вашиот потенцијален шеф не е презафатен за да ви каже дали сте ја добиле работата. Луѓето наоѓаат време за луѓето со кои сакаат да поминуваат време. Се јавуваме, праќаме пораки и им одговараме на луѓето  со кои сакаме да бидеме во контакт.

Ако некој не ви одговори, тоа е затоа што свесно одговорил дека нема да ви одговори. Колку побрзо престанете со изнаоѓање изговори за луѓе кои не се однесуваат добро со вас, толку побрзо ќе се зближите со луѓето кои се грижат за вас.

Сите ги ставаат личните интереси на прво место

Без оглед на тоа колку е некој полн со љубов, добар, мил и внимателен, своите интереси секогаш ќе ги става пред вашите. И највнимателниот љубовник можеби нема да знае кое копче треба да го притисне ако не му дадете знак. Дури и најчесниот шеф можеби нема да биде свесен колку ве оптеретува со работа, ако постојано ги прифаќате сите обврски.

Повеќето луѓе ќе го земат од вас тоа што можат да го земат. Затоа, обидете се да поставите граници и не им допуштајте на другите да ги растегнуваат. Силните луѓе не се плашат да кажат не и да го изразат своето мислење. Знаат дека мораат да се заземат за себе затоа што никој друг нема.

Невозможно е да ги усреќите сите

Да сте го направеле тоа што секоја личност во вашиот живот ви рекла да направите, веројатно би полуделе или би завршиле како безживотна, безоблична, бесчувствителна творба. Нормално, можете да се обидете, но нема да успеете. Секогаш ќе постои некој кој нема да се сложува со вашите избори или начинот на живот.

Луѓето ќе ве критикуваат без оглед на тоа што сте правеле. Затоа, одлучете што е добро за вас и имајте храброст да се борите за тоа што мислете дека е исправно. Единствен судија кој треба да го задоволите сте самите вие.

Светот не ви должи ништо

Можете да бидете најкул, најпаметна, најинтересна личност на светот, но ако никој околу вас не е свесен за тие ваши прекрасни карактеристики, од нив нема да имате ама баш ништо.

Постојат само два можни избори: можете да го поминете животот самосожалувајќи се затоа што заслужувате повеќе отколку што добивате или можете да чекорите по светот земајќи го она што го сакате. Погодете што бираат успешните луѓе?

Барате изговори за себе

Можете целиот живот да го поминете обвинувајќи го светот или другите за тоа што немате доволно време, пари, енергија или можност за да ги остварите своите цели. Вашите зборови можат да имаат смисла, но суровата вистина е дека секој човек на светот има барем еден изговор за тоа зошто не живее живот каков што посакува.

Луѓето кои имаат најисполнет живот не бараат изговори. Тие наоѓаат начин како да ги совладаат сите препреки наместо да ги спречуваат. И поради тоа и успеваат.

Вашите постапки ве одредуваат, а не вашите мисли

Можете цел ден да седите дома и да размислувате за подобар свет, но се додека не излезете и не почнете да делувате, во суштина не правите ништо за да промените нешто. Способност да имате големи планови е добра карактеристика, но залудна е ако не е пропратена со делување. Запаметете: Другите не проценуваат според делата, а не намерата.

Никој нема да ве спаси од вашиот живот

Во животот секогаш чекаме нешто. Чекаме да ја запознаеме вистинската личност, чекаме да го оствариме соното, чекаме да добиеме работа. Кога сме нездоволни со ситуацијата во којашто се наоѓаме, ирационално се надеваме на чудо кое ќе ни помогне да се носиме со проблемите.

Но, вистината е дека животот не функционира на тој начин. Проблемите не можат да се решат со магично стапче. Ако сакате да го промените својот живот и да бидете посреќни, вие морате да бидете личност која ќе ги преземе потребните чекори кон остваување на вашата цел.

Најсилните луѓе ја знаат оваа едноставна вистина: кога времињата стануваат тешки, не морате да чекате некого или нешто да ви помогне или направи нешто за вас – би требало да се потпрете само на себе.