Никој не разбира...

Никој не разбира зошто ти навистина ги сакаш соништата кон кои си тргнал и што е тоа што те турка кон нив.

Никој не разбира каков си ти кога навистина сакаш, а каков си кога се чувствуваш изневерено и какви мисли и намери ти се вртат во умот.

Никој не го разбира тоа иако можеби многумина ќе стојат покрај тебе, ќе ти ја стават раката на рамо и ќе ти кажат дека те разбираат.

Никој не го разбира твоето восхитување и твојата сила кога ќе се сретнеш со нешто што навистина ја радува твојата душа. Можеби многумина те гледаат како да си некаков чудак, но никој не разбира низ што си поминал и зошто си таков каков што си.

Никој не ги разбира твоите тивки грижи на кои мислиш секој ден кога ќе останеш сам и кога имаш чувство дека целиот свет е на твоите рамена.

Никој не разбира дека твоите најдлабоки извори на енергија и радост можат да се разбудат само со една насмевка, допир или убав збор.