Никој не може да те заштити од страдање, но само ти можеш да го направиш овој живот вреден за живеење!

Животот ќе те скрши.
Никој не може да те заштити од тоа, а тоа важи и за тоа што сакаш да живееш сама, затоа што и самотијата ќе те скрши со својот копнеж.
Мораш да сакаш.
Мораш да чувствуваш.
Тоа е причината поради која ти си на оваа планета.
Ти си тука за да го ризикуваш своето срце.
Ти си тука за да бидеш проголтана.
И кога ќе се случи да бидеш скршена, предадена, оставена или повредена, дозволи си да седиш покрај една јаболкница и слушај како јаболката паѓаат околу тебе, залудно трошејќи ја својата слаткост.
Кажи си самата на себе дека ти си вкусила колку што си можела повеќе.

Луѓето не треба како јаболката да чекаат да скапат од стоење. Тие треба да излезат од својата школка и да живеат со полни гради.

Да, тоа значи и повредување, солзи и скршено срце.
Но, тоа значи дека после 20 години, кога ќе седиш во фотелјата со седа коса, насмевката ќе ти се разлева низ лицето секогаш кога ќе се сеќаваш на своите спомени.

А тоа вреди повеќе од сите скршени срца и сите злобни луѓе кои некогаш те повредиле.