Никој не е експерт за вашиот живот, освен вие самите

Постојат многу луѓе, но и експерти и мотивациски говорници кои ќе ви кажат како да живеете, но вистината е дека тие не се експерти за вашиот живот. Тоа сте само вие самите.

Живеете живот по туѓи правила. Од будење до одење на спиење, се обидувате да им угодите на другите, да бидете како што тие сакаат, како што тие велат дека треба. Но, не ви е убаво во своја кожа. Како да не го живеете својот живот. Тоа ве преморува.

Воопшто не е чудно тоа.

Иако многу книги и говорници се трудат да ни помогнат како да живееме, сепак нивните размислувања често се субјективни. Тоа што можеби е важно за вас, не значи дека е важно и за друга личност.

Вие сте креатор на сопствената приказна и носители на своите ставови, проблеми и искуства. Зошто тогаш им дозволувате на другите да ви кажуваат како да живеете?

Без оглед на тоа низ што минувате во животот, не дозволувајте другите да ги пишуваат правилата за вас. Само вие знаете што ви е потребно во животот, а дури и тогаш кога не го знаете тоа, одговорот можете да го најдете во себе, а не околу себе.

Дајте си повеќе доверба во себеси одошто си давате. Стишете ги гласовите кои ви кажуваат дека не сте доволно добри или дека не знаете како да живеете. Стишете ги и гласовите околу себе, кои постојано ќе ве потсетуваат како треба да се живее.

Можете да ги слушате до бескрај, но ништо нема да има смисла повеќе од одговорите кои ги имате во себе. Вие сте експертот, и вие ги поседувате одговорите кои ги барате.

Не ги барајте на друго место.