„Немам време да бидам тажна и поразена, затоа што сум презафатена со лутина.“

Не го правам тоа повеќе. Никогаш нема да дозволам да изгубам драгоцени солзи за човек кој очигледно не ги заслужува. Никогаш повеќе нема да дозволам маж да ми го скрши срцето на начин кој ме уништува. Нема да дозволам никогаш повеќе да ја играм улогата на жртва. Јас заслужувам да бидам повеќе од тоа. Морам да бидам повеќе од тоа. Никогаш повеќе нема да плачам за човек кој ми нанесува болка!

Нема да му го дадам тоа задоволство. Никогаш нема да му го дадам задоволството да знае дека тој е причината за моите солзи. Никогаш нема да дозволам маж да ме види како плачам затоа што знам дека тоа му дава чувство на моќ кое не го заслужува. Во минатото плачев за премногу мажи и тоа не смеев да го дозволам. Никогаш не сум сакала да се ставам во позиција да нанесам некому болка. Никогаш не сакам да бидам таква девојка. Не сакам да играм на слабост. Мојата ранливост и тага никогаш нема да служи за пумпање его.

Има толку многу други работи кои се вредни за моето сочувство и емпатија. Постојат многу други работи кои ги заслужуваат моите солзи, а ниту еден маж не е една од тие работи. Постојат деца кои гладуваат и кои повеќе заслужуваат емоционално вложување во нив. Постојат бесмислени војни за кои вреди да се нервирам.

Всушност не би требала воопшто да плачам, затоа што јас не сум таа која изгубила нешто. Тој е човек кој изгубил. Пропуштил прекрасна можност да биде со извонредна жена, која сакала да го сака со сето срце. Тој е човекот кој треба да плаче, затоа што изгубил квалитетна девојка која никогаш и не ја заслужувал. Јас сум личност која човек само еднаш во живот среќава, а тој сега најверојатно е свесен за тоа.

Проблемот не е во мене и никогаш и не бил. Никогаш не било моја вина и тоа е делот кој највеќе фрустрира. Ти беше изворот на уништување, а јас бев таа која патеше повеќе. Не направив ништо погрешно, а сепак бев таа која ги трпеше последиците. И јас сум таа која мора да го исчисти хаосот кој го направи.

Нема да ветам дека никогаш повеќе нема да плачам за маж, затоа што веројатно ќе плачам. Но, ветувам дека ќе плачам за човек кој навистина вреди. Човек кој ќе ја заслужи сета моја љубов и емоционално вложување. Никогаш повеќе нема да плачам за маж кој личи на тебе!