Никогаш немојте да зборувате за нешто што не сте го искусиле

Без лично искуство не можете на другите да им дадете трансформирачка порака!

Постои една мудра приказна за стариот учител кај кого дошка една жена со своето мало дете и му рекла: „Веќе сум уморна од ова дете, јаде премногу слатки и се плашам дека ќе се разболи и дека ќе му се расипат забите. А покрај тоа, постојано нешто го боли, а јаде само слатко и ништо друго. Знам дека ќе ве послуша вас.“

Учителот го погледнал детето и ѝ рекол на жената: „Дојдете за една недела.“

Жената се изненадила, затоа што секогаш кога ќе отишла кај него, секогаш кога ќе го прашала нешто за животот, смртта, Бог, небото, пеколот и рајот, тој бил подготвен веднаш да одговори. Сега се работело за некоја безначајна ситница, а за тоа му биле потребни дури седум дена!

Кога отишла кај него по една недела, учителот рекол: „Жал ми е. Вратете се за два дена, сѐ уште не сум подготвен да кажам нешто.“

На ова дури и детето се изненадило. Кога се вратиле после две недели, учителот го погледал детето и рекол: „Можеш да го направиш тоа!“

Детето рекло: „Зарем ви беа потребни три недели за да ми го кажете ова?“

Учителот рекол: „Да, тоа е затоа што и самиот сакам благо. Морав да се обидам и да видам дали можам да живеам без благо, затоа што како инаку би можел да ви објаснам? Тоа би било лага, а знам дека е тешко.“

Детето се заинтересирало за зборовите на учителот, а жената рекла: „Можебте само да му наредите, не требаше да докажувате.“

Учителот рекол: „Не можам да зборувам за нешто што не сум го искусил. Никогаш не сум изговорил нешто што не сум го искусил, затоа што кога тоа ќе го направиш, изговореното ја губи поентата, бидејќи во тоа нема вистина. Кога човек зборува од сопствено искуство, тоа допира длабоко до луѓето. Јас секогаш го знаев тоа. Те погледнав во очи и почувствував дека можеш да го направиш тоа. Јас сум стар човек, јас сум слаб, мене ми беа потребни три недели. Ти си млад, ти можеш да го постигнеш тоа за еден ден. Таков е мојот начин.

Никогаш не зборете за нешто што и самите го немате искусено, затоа што без лично искуство нема вистина!