Никогаш немојте да ги криете своите чувства

Секогаш треба да им кажуваме на луѓето што чувствуваме.
Никогаш не се ограничувајте себеси и не се спречувајте да изразувате чувства, не се загушувајте себеси со своите сопствени чувства.
Ако сакате да кажете „Те сакам“ во одредени моменти – кажете го тоа. Ако сакате некој да не си замине од вашиот живот – кажете им го тоа.
Ако сакате да прегрнете некого, кажете им го тоа.
Ако сакате да ги изразите вашите чувства, направете го тоа.
Кажете го она што го чувствувате во вашето срце. Сѐ друго може да почека.
Животот е прекраток за да не ги искажувате своите чувства и да не го кажувате она што сакате да го кажете.
Животот е прекраток за да се живее со каења.
Не сакате за неколку години да погледнете во минатото и да размислувате за сите оние „можеби“ или „што ако“ моменти и да жалите за чувствата кои никогаш не сте ги искажале.
„Можеби, ако кажев што чувствувам, работите ќе беа поинакви. Можеби.“ 

Верувај ми дека не сакате да се чувствувате вака, па затоа искажетте ги вашите чувства.
Ослободете ги чувствата. Ослободете се себеси. Ослободете го срцето.