Никогаш не верував дека ќе бидам благодарна што некои луѓе се дел од моето минато

Не верував дека некогаш ќе го кажам ова. Не мислев дека ќе ми биде мило што некои луѓе се во минатото, што сме си кажале збогум.

Ме научивте да преживеам, да сфатам дека можам сама. Ми помогнавте да се најдам себеси и да престанам да се прашувам дали проблемот лежи во мене.

Ви благодарам што ме лажевте. Така научив дека не се сите луѓе на светов искрени со мене. Научив да ги распознавам добрите од лошите луѓе и да ги ценам едните, а да ги игнорирам другите. Сфатив дека колку и да сум добра со другите, тие нема да ми возвратат исто, дека светот не функционира така.

Се стававте себеси на прво место, научив дека тоа е некогаш поважно од сè друго. Ме научивте да се ценам и сакам себеси, да видам кои се погрешни избори и да ги научам своите лекции.

Не се боревте за мене, како што јас се борев за вас. Ме научивте да се борам за работите кои ги сакам, но и да се откажам кога нешто не е судено за мене. Ме научивте да не се убедувам дека љубовта е тешка и дека треба да биде тешка.

Ви благодарам што ме оставивте позади себе и ми дадовте шанса да се запознаам себеси. Вие оставивте место за подобри луѓе во мојот живот. Ме научивте колку е важно да се сакам и ценам себеси, но и да се заштитам од луѓето како вас.