Никогаш не се врти назад...

Никогаш не се врти назад и немој често да мислиш
на некоја одамна помина стаза,
затоа што сѐ што било повеќе нема да бие
и сите сме тука само на поминување.

Не плачи за скршената играчка,
затоа што сите сме играчки во нечија рака,
судбината е таа која ги влече конците
и кога сме среќни и кога сме на мака.

Не, никогаш немој да мислиш дека можело и поинаку,
не тагувај за цветот што венее во тебе,
затоа што сите твои таги, кога ќе летне времето,
еден ден ќе бидат само спомени.

Не, не чепкај премногу по своето минато
и немој од него да собираш трошки од среќа која поминала,
затоа што и ние сме трошки под овој небесен свод
и сѐ што било никогаш повеќе нема да биде.

Не жали за нешто што повеќе нема да биде,
туку само кажи: „Убаво ни беше“.
Сочувај го некаде во своето сеќавање,
како птица малечка која се сокрила на дното од своето гнездо.

Не жали за истурено вино
и не собирај стакла од скршените чаши,
затоа што единствено можеш да се повредиш себеси,
а вина има сѐ уште, преполни се шишињата...

Не осудувај го животот, не ги проколнувај соништата,
не жали за среќата која некогаш била.
Допрво треба да се сонува! Допрво треба да се лета!
А тебе сѐ уште не ти се скршени крилјата.

И немој да мислиш дека не може подобро,
дека не може убаво, дека не може повеќе,
затоа што вие сѐ уште сте на почетокот на книгата
која овој живот ја отвора и пишува.

Не гледај далеку и не ја барај ѕвездата
која некаде блеска на високото небо,
затоа што ѕвездите се убави, но се далеку,
а најубавата ѕвезда блеска во твоето око.

И сѐ што е сега ќе биде само минато,
никој од нас не знае што го чека утре,
а среќата можеби е веднаш тука, крај тебе,
ни засекогаш замината, ниту толку далечна.