Никогаш не престанав да те сакам, но научив да живеам без тебе

Порано често имав кошмари. И секогаш спиев со телефонот до мене и секогаш ти се јавував ако имав некаков кошмар. Мислев дека ти си единствената личност која може да ме спаси од моите најголеми стравови и тајни.

Мислев дека без тебе ќе пропаднам. Но, вистината е дека без тебе, сонцето сјае посилно и темнината повеќе не е нешто од коешто се плашам.

Порано се плашев да спијам без тебе. Бев навикната на тебе и се плашев да излезам од мојата комфорна зона. Но, потоа сфатив нешто. Сфатив дека не треба да се плашам да бидам сама. Тоа е неопходно и здраво. Морав да се запознаам себеси и пред сѐ да се засакам себеси, за да можам да сакам некој друг. Тоа е најголемиот подарок кој можев да си го дадам на самата себе.

Порано се плашев од неуспеси. Без тебе секогаш се чувствував дека не сум доволно добра и силна. Ти ми го кршеше срцето, а јас ги собирав делчињата и се плашев дека ќе те изгубам. Претпочитав да бидам скршена отколку без тебе. Со цела душа и срце се обидував да те направам среќен и да ти дадам сѐ што ќе посакаш. Мислев дека ако нашата врска пропадне, дека тоа значи дека не сум успеала во животот. Но, откако се ослободив од нашата врска, сфатив дека тоа е мојата најголема победа. Наместо да се чувствувам слаба и скршена, каква што мислев дека ќе бидам, се чувствував посилно од кога било, како да можам да го освојам светот.

Се плашев да живеам без тебе. Порано бев толку беспомошна, како целиот свет да е на моите рамена. Но, кога почнав да живеам без тебе тогаш почнав да се чувствувам слободно, како целиот товар да паднал од моите рамена. Се чувствував полесно, дури и моето тело беше полесно од моментот кога престанав да бидам со тебе.

Сѐ уште се плашам од многу работи. Но, повеќе не се плашам да живеам без тебе. Мојот живот започна кога се ослободив од твојата отровна љубов. Сфатив дека можам да преживеам сама во овој свет. Јас сум независна и моќна жена која повеќе не се плаши сама да чекори на овој свет и во овој живот.

Порано се плашев од многу работи, но повеќе не се плашам од живот без тебе.