Никогаш не им давајте втора шанса на луѓето кои еднаш ви го скршиле срцето

Го паметам моментот кога ти кажав дека те сакам.
Ги шепнав тие две зборчиња во целата таа гужва и сред концерт.
Само што ги кажав тие страшни и опасни две зборчиња, го тргнав погледот.
И тогаш ти ми возврати со уште помек глас.
Моето срце забрзано чукаше.
Повторно те погледнав.
И само за миг, ги почувствував твоите усни на моите.
Тогаш не знаев дека тоа ќе ме уништи.
И во тој миг, почувствував чиста среќа.
Те сакав со целото срце, тело и душа.
И во тој момент се заљубив во тебе.
Но, не можев да зборувам за тоа, ниту да го покажам.
Еден погрешен чекор и целиот твој свет ќе се сруши.
Се надевав дека ќе ме спасиш и те повредив во процесот.
Ти им се препушти на сите оние кои навиваа против нас.
Ме гледаше како горам и ме виде како паѓам.
Никогаш повеќе нема да можам да те сакам.
Но, научив една лекција:
Никогаш не давај втора шанса на личноста која претходно те скршила..

air max 90 essential sale