Додека гладувате, во организмот се случуваат непосакувани процеси!

Како прво, паѓа нивото на шеќер во крвта, а тоа пак, влијае на сите органи во организмот. Се јавува чувството на замор и исцрпеност, метаболизмот се успорува, но, се успорува и согорувањето на калориите. 

Мозокот преминува во посебна состојба. Без храната која дава енергија, човечкиот мозок преминува во посебна состојба, односно се менуваат интелектуалните и емотивните функции. Личноста станува сензитивна и склона на промени на расположение, а концентрацијата и помнењето слабеат. 

Кога ќе се консумира храна, организмот чувствува олеснување, но само на кратко. Доколку често ги одбегнувате оброците, долгорочно ќе имате проблем со забавен метаболизам. Покрај тоа, нивото на шеќер во крвта ќе биде нестабилно, а телото со време ќе се сврти кон мускулите, како единствен вид на „гориво“. 

Со други зборови, прескокнувањето на оброците сериозно влијае на организмот и го ослабнува, а последиците можат да бидат кобни.